Пејачката Ферги пред две недели го роди синчето Аксел, а сега на Инстаграм објави и негова фотографија.
„Аксел Џек Духамел. Втор ден од неговиот живот. Тестот за слушање направен!“, напишала пејачката за фотографијата.
Гордиот татко, актерот Џош Духамел, пак, објави негова фотографија од првиот ден на овој свет. Ова е прво дете на славната двојка.