Први фотки на сериското BMW i8

Првите фотографии на сериската верзија на BMW i8 се официјално пуштени од компанијата. На фотките се гледа само профилот на хибридниот автомобил кој е со кренати врати. Истите беа дел и од концептниот модел.

Порано баварците пуштија на интернет и официјален клип на возилото во кое се вели дека премиерата на хибридната суперкола ќе биде прикажан на 10 септември за време на салонот во Франкфурт. Освен вратите, сериската верзија е задржан и ентериерот.

744_BMW-i8-470-2

Како што е познато, машината е управувана од хибриден систем, во која учествуваат 3-цилиндесрки бензински турбо мотор со моќност од 211 КЅ и електричен мотор, нудејќи дополнителни 131 КС. Првиот ги придвижува задните тркала, а вториот – предните. Вкупниот моќ на агрегатот е 362 КЅ и 570 Nm вртежен момент. До стотка хибридот ќе забрзува за 4,5 секунди, а само на електрична енергија може да помине 35 километри. Од стандардната електрична мрежа акумулаторите на i8 се полнат за 1,5 час. При комбиниран режим на двата мотори со едно полнење спортскиот автомобил може да помине растојание од 500 km. Ако се активира режимот Eco Pro тоа расте до 600 километри .

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -