Кина има со што да се пофали денеска на 16 декември 2013 година. По слетувањето на единицата „ченал-3″, Кина стана третата држава што успеала да изврши успешно слетување на Месечината, по САД и СССР.
Синоќа претседателот на Кинеската народна република Си Џинпинг и премиерот Ли Кечианг го напуштија Центарот за воздушна контрола, за да прогласат „целосен успех” на мисијата.
Кинеската официјална новинска агенција не задоцни со прикажувањето на првите кадри снимени од мобилен телефон.
Првото кинески вселенско возило, наречено Нефритов зајак, на сликата подолу, со црвеното знаме на Народна република, ја направи првата турнеја на „Заливот на виножитото”, како што се вика местото на кое се приземји кинескиот апарат.
„Опсегот на оваа месечева мисија оди подалеку отколку што може да се замисли”, пишува весникот China Daily, во текстот со наслов „Фантастината месечева мисија.”
„Со оглед на брзиот пораст на населението во светот и исцрпувањето на многу ресурси, напредокот во истражувањето на вселената и мирното користење на ресурсите на Месечината или Марс може да биде опција, која ќе ја искористи човештвото во блиска иднина”, објави весникот.
Лансирањето на „ченал-3″, го одбележа почетокот на втората фаза на кинеската програма за изучување на природниот сателит на Земјата. Во рамките на третата фаза – во 2017 година на Месечината ќе биде испратен уште еден апарат, чија мисија ќе биде да испорача на Земјата примероци од месечевата почва.