Први информации за следното Audi A6

До појавата на новата генерација Audi A6 има сигурно две години, но во германската компанија веќе работат напорно на неговиот развој. Всушност дизајнерите на Audi се подготвени со стајлингот на моделот, кој бил одобрен и од раководството на компанијата.

251_Audi-470-3

За изданието на Autocar, новиот главен дизајнер на Audi, Марк Лихте, соопшти дека дизајнот на следното A6 е целосно подготвен, а е позајмен во голема мера од концептот Prologue. Овој концептен модел прикажан на салонот во Лос Анџелес претходно оваа година, беше создаден за да покаже како ќе изгледаат новите модели на Audi. При неговото создавање се користат мотиви од култните за брендот автомобили како Audi 90 quattro IMSA GTO и првите генерации на A8 и TT coupe.

725_Audi-470-2

Лихте прецизира исто така, дека паралелно со дизајнот на следниот A6 тече и развој на новите А8 и А7, кои треба да ги очекуваме соодветно, во 2016 и 2017 година. На овој начин трите модели ќе имаат уникатни карактеристики, но истовремено ќе бидат лесно препознатливи како претставници на брендот. За следното Audi A6 веќе се знае дека ќе користи платформата MLB Evo, која е во основата на пред неколку дена претставениот нов Q7. А, тоа значи дека новото Audi A6 ќе биде полесно, поекономично, подинамично и попространо од сегашната генерација. Моделот треба да се најде на пазарот во 2017 година.

- Реклама -