Првиот човек на Хамас задолжен за парични трансакции убиен во напад во јужниот дел на Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и разузнавачката служба Шин Бет соопштија дека едно лице вклучено во трансферот на десетици милиони долари на военото крило на Хамас е убиено во воздушен напад.

Субхи Фарвана и неговиот брат, користејќи менувачница за размена на валута, префрлале средства на Хамас и неговото воено крило во изминатите неколку години, се додава во соопштението.

Според ИДФ, Фарвана е убиен во воздушен напад во Рафа, во јужниот дел на Газа. Во соопштението се нагласува дека военото крило на Хамас зависи од средствата, кои одат преку менувачниците.

Менувачите на пари добиваат средства од Иран и други земји и ги перат за Хамас, избегнувајќи ги меѓународните системи за финансирање, наведува Шин Бет.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Според ИДФ и Шин Бет, Фарвана била еден од ретките кој можел да му ја префрли на военото крило на Хамас сумата пари неопходна за борбите.

Во соопштението се тврди дека Фарвана префрлил десетици милиони долари на Хамас во текот на изминатите неколку години, како и за време на тековната војна.

МИА

- Реклама -