Првиот хиперсоничен патнички авион

авионВо иднина лет од Лондон до Токио би можел да трае само два часа, воопшто да не ја загадува животната средина и да не создава поголема бучава од денешните авиони. Единствената мана е што комерцијалните летови кои ќе ја користат оваа технологија најверојатно нема да полетаат уште околу 40 години.

Дизајнот за првиот хиперсоничен патнички авион, кој ќе користи три различни типови на мотори за да достигне брзина од околу 5000 километри на час, над четири пати побрзо од брзината на звукот или Мах 4. Авионот, наречен наследник на Конкордот, би користел водород и кислород како гориво, со што единствената хемикалија испуштена во околината би била вода. Проектот, развиен од EADS, партнерска компанија на Airbus, бил претставен пред официјалното отварање на Парискиот Саем на Воздухопловство.

Авионот би имал капацитет до 100 патници; два конвенционални мотори би му помогнале да полета од нормална писта, што значи дека авионот нема да создава сонични екплозии како Конкордот. Штом леталото ќе достигне соодветна височина, пилотот ќе ги вклучи ракетните мотори кои ќе му овозможат на авионот да достигне многу повисоки брзини и да се искачи над атмосферата каде што третиот тип на мотори, два набојномлазни мотори, ќе бидат вклучени.
авионОвие мотори, кои во моментов се користат во ракетни проектили, се екстремно ефикасни при брзини над 1600 километри на час, но не можат да стартуваат од мирување. Тие мотори ќе му овозможат на леталото да достигне висина од околу 32 километри додека се движи со над Мах 4. Конвенционалните патнички авиони се движат на висина од околу 10 километри. Штом ќе ја достигне потребната брзина, леталото – наречено ZEHST, кратенка за Zero Emission Hypersonic Transportation – би можело да стигне од Лондон до Малага во јужна Шпанија за околу 20 минути. Лет до Истанбул би траел околу 30 минути, а до САД би му бил потребен околу еден час.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Леталото би скратило околу 9 часа од сегашното време потребно за лет до Токио, додека пат до Сиднеј би траел само околу три и пол часа. Авионот со едрење би се спуштил до одредена висина по што конвенционалните мотори ќе бидат вклучени за безбедно слетување. Жан Боти, директор за иновација и технологија од EADS, изјавил: „Ова не е Конкорд, но изгледа како Конкорд, што покажува дека аеродинамиката во шеесетите била мудро изведена. Авионот би летал веднаш над атмосферата, што значи дека би можел да лета со брзина и над 4800 километри на час. Кога сте над атмосферата никој не може да чуе ништо. Работиме на овој проект доволно долго за да знаеме дека е возможен.“
авионЗа разлика од конвенционалните летала, авионот би работел на биогорива направени од алги – водород и кислород – што би значело дека ова би бил еден од најчистите авиони во светот. Компанијата, која е сместена во Тулуз, Франција, верува дека авион кој ќе може да носи до 100 патници би го остварил својот прв комерцијален лет за 40 години. Но, според експертите за авијација, ограничениот капацитет би можел да биде голема мана.

Дејвид Камински-Мороу, уредник за воздушен транспорт од Flight International, изјавил: „Сè уште се работи само за концепт возило, но истото е во рамките на возможното, технологијата постои. Вистинскиот проблем е економскиот аспект на создавање на комплетно нов функционален авион. Потребни ќе бидат милијарди за да престане да биде концепт дизајн и да почне да функционира. Но дали ќе има апетит за изградба на летало кое не пренесува многу патници?“ [From London to Tokyo in two hours: Blueprints for 3,000 mph hypersonic plane are unveiled… but it’ll take 40 years to build]

- Реклама -