Првиот кросовер Alfa Romeo ќе му конкурира на Porsche Macan

До премиерата на првиот кросовер на Alfa Romeo – Stelvio, остануваат неколку месеци, па засега Италијанците не се особено расположени да откриваат детали и информации. Излегувањето на пазарот на моделот ќе биде по истото сценарио кое беше користено за новиот седан Giulia.

123_Alfa-Romeo-470-1[1]

Според информации на Autonews во компанијата производител го дефинираат Stelvio како главен конкурент, не само на кросоверите на BMW, Audi и Mercedes-Benz, туку и Porsche Macan. Секој од нив има спортска модификација, а како што е познато моделот на Alfa Romeo е комплетно развиен во оваа насока. Спортската верзија на седанот Giulia беше претставена пред останатите. Таа го доби името Quadrifoglio Verde, а е опремена со 2,9-литарски би-турбо V6 мотор развива 510 КС, На ист начин ќе се пристапи и со Stelvio, но заради поголема тежина на кросоверот моторот ќе биде модернизиран. Веројатно силата ќе биде намалена, но колку точно треба да се види. Покрај тоа спортската верзија на првиот SUV на Alfa Romeo ќе добие и различно име од Quadrifoglio Verde. Предвидено е таа да биде прикажана на автомобилскиот салон во Париз, во есен, додека останатите модификации ќе станат познати кон крајот на годината. Се очекува тие да добијат дизел мотори со моќност меѓу 150 и 210 КЅ, како и бензински – 200 и 280 КЅ.

963_Alfa-Romeo-470-2[1]

Во плановите на италијанскиот производител влегува и развојот на уште два кросовери – помал и поголем од Stelvio. Тие исто така ќе треба да се борат со германските модели. Првиот ќе се натпреварува со Audi Q3 и BMW X1, а вториот – со Audi Q7 и BMW X5.

Автоплус

- Реклама -