Фото: Генерирано од Copilot
Минг-Чи Куо, познат аналитичар, сподели нови информации за претстојниот iPhone на преклоп, кој сè уште не е официјално објавен. Иако првично се предвидуваше дека уредот ќе биде во форма на „флип“, сега се верува дека ќе биде позициониран како ривал на Galaxy Z Fold, односно ќе има дизајн што овозможува отворање во мал таблет. Куо и други извори предвидуваат дека овој уред ќе биде претставен следната година, а масовното производство е насочено кон 2027 година.
Како што е вообичаено со Apple, очекуваната цена ќе биде доста висока, надминувајќи дури и 2000 или 2500 долари. Сепак, Куо смета дека ова не би било пречка за верните следбеници на Apple, што подразбира дека нема да има поголеми проблеми со продажбата.
Неколку потенцијални карактеристики на овој уред се откриени, кои, доколку се покажат како точни, можат да значат дека уредот нема да ги задоволи сите. Надворешниот екран е предвиден да биде 5,5 инчи, што може да се смета за помало, додека внатрешниот екран кога уредот е отворен би бил 7,8 инчи. За да биде практичен, уредот на преклоп треба да функционира како стандарднен смартфон и да понуди екран како мал таблет кога е потребно. Ако надворешниот екран е премал, корисниците ќе мора почесто да го отвораат уредот, слично како со првите генерации на Galaxy Z Fold.
Кинеските производители ја разбираат оваа потреба добро и нивните уреди од самиот почеток имаат адекватни екрани. Oppo Find N5 на пример, не само што има соодветен формат и големина, туку е и најтенок уред од ваков вид што моментално е на пазарот. Новиот iPhone на преклоп, иако со доцно појавување во однос на конкурентите, ќе има дебелина од 9 до 9,5 милиметри кога е затворен и 4,5 до 4,8 кога е отворен. Овие мерења се конкурентни, но во споредба, Oppo Find N5 веќе го има надминато со затворена дебелина од 8,93 милиметри и 4,2 милиметри кога е отворен.
Куо исто така наведува дека Apple имаат успеано да го решат проблемот со линијата која се појавува на местото каде што екраните се превиткуваат. Сепак, се очекува уредот да биде лишен од Face ID и да се потпира на Touch ID за отклучување.




