Првиот вселенски хотел ќе биде лансиран во 2012

spacehotel1Компанијата која планира да го лансира првиот хотел во вселената потврди дека е подготвена да го отвори вратите на Галактичките апартмани до 2012 година.


Компанијата која планира да го лансира првиот хотел во вселената потврди дека е подготвена да го отвори вратите на Галактичките апартмани до 2012 година.

0911003_spacehotel1

Од компанијата Galactic Suite изјавија дека плановите за нивниот проект вреден милијарди долари се остваруваат и дека тие веќе имаат 43 резервации. Туристите, кои ќе платат астрономска сума од речиси 3 милиони евра, ќе можат да поминат четири дена на вселенската станица оддалечена 450 km од Земјата, да гледаат како сонцето изгрева по 15 пати дневно и ја обиколува Земјата секои 80 минути.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

Претставникот на Galactic Suite Ltd. чие седиште е во Барселона вака ја опиша турата: „Летот ќе биде најважниот дел од ваквото искуство. Во леталото вселенските туристи ќе достигнат брзина од 28,000 km/час во рок од десет минути по лансирањето на ракетата. Galactic Suite вселенскиот хотел беше дизајниран да им овозможи на вселенските туристи приватни тури во вселената при што тие ќе можат да уживаат во лебдењето во бестежинска состојба.“

0911003_spacehotel2

- Реклама -