Првите банкноти со портретот на кралот Чарлс III. продадени за над милион долари


Збирката банкноти од британски фунти со портрет на кралот Чарлс III. беше продадена на надавање за 914.127 фунти (1,17 милиони американски долари), а оргнизаторот аукциската куќа Spink во Лондон најави дека срествата ќе бидат донирани во добротворни цели.

Банкнотите, вредни речиси 78.000 фунти, се меѓу првите издадени банкноти со портретот на новиот крал, кои беа пуштени во оптек во јуни. Банкнотите се во апоени од 5, 10, 20 и 50 фунти.

Еден сет од банкноти од 50 фунти е продаден за 26.000 фунти, соборувајќи го претходниот рекорд за продажба на банкноти од централната банка на Обедеинетото Кралство – Bank of Engalnd (BoE).

Следна е аукцијата за банкноти од 10 фунти на којашто само една банкнота е продадена за 17.000 фунти, а го носи серискиот број HB01 00002. Колекционерите бараат банкноти со најнисок можен сериски број, што е можно поблиску до 00001 и затоа плаќаат толку многу.

Сара Џон, извршен директор за банкарство во BoE, рече дека е воодушевена што од продажбата се собрани 914.127 фунти, кои ќе бидат донирани на 10 добротворни организации избрани од централната банка. Тоа се Childhood Trust, The Trussell Trust, Shout, Carers UK, Demelza, WWF-UK, The Brain Tumor Charity, London’s Air Ambulance Charity, Child Bereavement UK и The Samaritans.

Моментално во оптек се повеќе од 4,6 милијарди банкноти на BoE, во вкупна вредност од речиси 82 милијарди фунти.

Британската централна банка започнала со емисија на банкноти во XVII век, но мајката на Чарлс, покојната кралица Елизабета Втора, е првиот британски монарх чиј портрет бил испечатен на банкнотата во апоен од 1 фунта во 1960 година.

- Реклама -