Првпат Светското првенство нема да се пренесува на МТВ

За помалку од еден месец ќе започне Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Но, за првпат, натпреварите нема да бидат емитувани на Македонската радиотелевизија. ФИФА ја објави листата на носители на телевизиските права, а на неа не се наоѓа МТВ. Имено, правата за пренос во Македонија и во регионот ги има телевизијата „Арена Спорт“. Иако сè уште нема официјална потврда, според најавите, натпреварите би требало да бидат емитувани со коментар на македонски јазик. Македонската радиотелевизија досега редовно ги следеше најзначајните фудбалски натпреварувања, а единствено исклучување беше Европското првенство во 2008 година, кога правата ги имаше телевизијата „Алсат“.

Прочитајте и:  На Саемот на албанската книга „Скопје 2026“ беа врачени наградите за издаваштво на најистакнатите дела и автори.