Новата конзола нема да бара интернет конекција или регистрација и ќе има веќе искористен софтвер, а ќе чини 100 евра помалку од Xbox One. Ова сигурно нема да му се допаѓа на Микрософт, додека Сони е сигурен дека ќе ги освои срцата на гејмерите!
Конзолата ќе се појави до крајот на годинава и ќе чини 399 долари за Американскиот пазар, додека за Европа цената ќе биде 399 евра!
Она што може да се истакне за PS4 е реакцијата на публиката, која го поздрави потегот на компанијата Сони, да дозволи употреба на веќе искористени и регистрирани игри да можат да се играат без никакво ограничување. Сите љубители на сингл играта, со сигурност ќе бидат воодушевени.