ПСЖ му нуди на Роналдо годишна плата од 18€ милиони

Според пишувањата на L’Equipe, новиот шампион на Франција се обидува да го примами Кристијано Роналдо со годишна плата од извонредни 18 милиони евра.

Медиумите често пишуваат за интересот на ПСЖ за главната ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Последните стории велат дека ’Светците’ на португалскиот репрезентативец му понудиле месечна плата од 1,5 милиони евра, односно извонредни 18 милиони евра за една сезона.

Во моментов Роналдо заработува нешто над 10 милиони евра, а доколку го обнови договорот со Реал Мадрид, ќе добие годишна плата од околу 15 милиони евра.

L’Equipe исто така додава дека ПСЖ е подготвен да им плати 100 милиони евра на ’Кралевите’ за услугите на CR7, шест милиони повеќе од сумата што Реал Мадрид ја одвои пред четири години за фудбалерот да го напушти Манчестер Јунајтед.

Прочитајте и:  Неверојатен интерес за првото „Ел класико“ на Мбапе: 1.1 милиони фанови онлајн чекаат билет за „вечното дерби“

Се верува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не сака да слушне за продажба на Роналдо.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -