Филмот „Снешко“ (The Showman) е снимен според истоимениот трилер-роман на норвешиот крими-автор Ју Несбе, кој е вистински мајстор во оваа област.
Сепак, се чини дека филмската адаптација не ја воодушеви публиката. Според многумина, поради сцените со снег, кои како што наведува и самиот наслов, ги има многу, се чини како филмот да е сниман во црно-белата техника. Не помогнаа ниту актерските имиња како Клои Севињи и Тоби Џонс, ниту пак Скорсезе како извршен продуцент.
Познатиот детектив Хари Хол, најпопуларниот лик од делата на Несбе, го глуми Мајкл Фасбендер, кој се чини имал потешкотии да го долови норвешкиот акцент. Хол во книгите е алкохоличар и алкохолот зема значаен дел во неговата работа, но продуцентите на филмот како да го пропуштиле тој момент.
Публиката исто така смета дека филмот е збунувачки и дека само глумата на актерката Ребека Фергусон успева да го спаси целиот проект.