Пукање во близина на училиште во Хрватска – куршум заврши во училиштен прозорец

Градоначалникот на Глина, Иван Јанковиќ, вечерва на својот фејсбук-профил објави дека пукањето се случило во дворот на основното училиште и дека еден од испуканите куршуми завршил во прозорецот на училишната зграда додека се одвивала наставата

Едно лице е повредено во пукање во близина на основно училиште во хрватскиот град Глина, што се наоѓа во близина на Сисак, пренесува хрватски Н1.

Пукање за дворот на основното училиште во хрватскиот град Глина / Фото: Принтскрин

Во тек е истрага за утврдување на околностите на овој настан, а повредениот е пренесен во болница.

Градоначалникот на Глина, Иван Јанковиќ, вечерва на својот фејсбук-профил објави дека пукањето се случило во дворот на основното училиште и дека еден од испуканите куршуми завршил во прозорецот на училишната зграда додека се одвивала наставата.

„Според достапните информации, ниту децата, ниту вработените во училиштето не се повреден“,

вели градоначалникот на Глина.

- Реклама -