Концернот Fiat планира да се откаже од името Punto кај следната генерација на популарниот модел. Ова го соопшти италијанското издание на il Giornale, каде, сепак, не се споменуваат имиња, иако некои медуми веќе шпекулираат со Fiat Pandona.
Следната генерација на Punto треба да се појави на пазарот во 2014 година, а ќе биде изградена на модернизирана платформа на актуелното издание. Производството, кое сега е во Италија, ќе биде пренасочено кон фабриката на концернот во Крагуевац (Србија). Се очекува до 2016 година Fiat да пушти на пазарот вкупно 19 модели, меѓу кои ќе бидат девет на Alfa Romeo и шест на Maserati. Сите тие ќе се произведуваат во Италија, додека моделот 500 ќе биде испратен надвор од Западна Европа.
Во моментов Fiat Punto доаѓа со вкупно 10 избори на мотор, меѓу кои има бензински и дизел агрегати со зафатнина од 0.9, 1.2, 1.3 и 1.4 литри, чија моќ се движи помеѓу 69 и 135 КЅ.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус