Пушењето во бременоста може да предизвика аутизам

Пушењето е штетно по здравјето за секој еден човек и ова веќе многупати е кажано. Сепак, особено внимание се посветува на пушењето во бременоста, бидејќи мајките освен што му наштетуваат на своето здравје прават штета и врз здравјето на своето новороденче.  

Веќе е докажано дека пушењето во бременоста влијае врз ризикот за спонтан абортус и раѓање на мртво дете, но најновите истражувања покажаа дека пушењето во бременоста го зголемува и ризикот од раѓање на дете со аутизам.

Аутизмот како што е познато,  носи широк спектар на пореметувања, социјални и комуникативни. До неодамна се сметало дека аутизмот е исклучиво генетски предизвикана состојба, но денес се знае дека на неговото појавување влијаат многу фактори. Еден од тие фактори е и пушењето за време на бременоста.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Според истражувањето кое го спровеле научниците, 13 проценти од мајките на аутистичните деца биле страствени пушачи. Истражувањето било направено на мајки на аутистични деца во 11 земји.

Научниците додаваат дека ова не е сигурен знак дека пушењето допринесува за појава на аутизам, но е сигурен знак дека пушењето и аутизмот се поврзани.

- Реклама -