Путин до Шолц: Евентуални преговори со Украина треба да се засноваат на „новата реалност на терен“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека можните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, да се засноваат на „новата реалност на терен“ и да се решат причините за конфликтот, соопшти прес-службата на Кремљ.

Кремљ објави дека Путин и Шолц имале „детална и искрена“ размена на мислења за ситуацијата во Украина.

Во разговорот Путин нагласил дека Русија секогаш ги исполнувала договорните обврски во енергетскиот сектор и дека е подготвена за заемно корисна соработка на тоа поле, доколку е заинтересирана и Германија.

Прочитајте и:  Ким Џонг-Ун нареди масовно производство на дронови камикази
- Реклама -