Путин им нуди престој во Русија на странците кои сакаат да „избегаат од неолибералните идеали“

Москва нуди престој на граѓани на странски земји кои сакаат да избегаат од неолибералните идеали и да се преселат во Русија, се вели во декретот потпишан денеска од рускиот претседател Владимир Путин.

Странските државјани ќе имаат право да аплицираат за привремен престој во Русија и од нив нема да се бара да поднесуваат документи со кои ќе се докаже дека зборуваат руски јазик и дека ја познаваат историјата и основните закони, се наведува во уредбата што ја пренесоа руските медиуми.

Апликациите ќе се засноваат на фактот дека граѓаните кои сакаат престој ги отфрлиле политиките на земјите од кои доаѓаат и кои „имаат за цел да му наметнат на народот деструктивни неолиберални идеали, кои се спротивни на традиционалните руски духовни и морални вредности.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

Со декретот се очекува руската влада да состави список на земји кои наметнуваат „нездрави ставови на своите граѓани“.

Наложено е Министерството за надворешни работи да почне со издавање на тримесечни визи за таквите апликанти веќе во септември.

- Реклама -