Путин: Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, Договорот од Минск веќе не важи

Москва, 22 февруари 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека не кажал дека руската армија веднаш ќе оди во Донбас, додавајќи дека договорот од Минск веќе не постои.

„Украинските разговори околу нуклеарните амбиции беа насочени кон Русија и ние ја добивме пораката. Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили“, изјави Путин, пренесуваат британските мекидуми.

Тој, исто така, кажа дека „Украина, вооружена до заби, е антируски настроена, што е неприфатливо“.

„Невозможно е да се предвидат конкретните акции на руската армија во Донбас. Украина треба да се демилитаризира. Најдобрата одлука што може да ја донесе Киев е да се откаже од своите амбиции да се приклучи на Алијансата“, истакна Путин.

Прочитајте и:  ЕУ поделена околу одлуката на Бајден за напади длабоко во Русија, се стравува од нуклеарна војна

Рускиот претседател додаде дека Договорот од Минск повеќе не постои и дека веќе нема што во него да се исполни.

- Реклама -