Путин му купи сладолед на Ердоган, кусурот му го даде на министерот (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш ја демонстрираа својата блискост кога во вторникот, при гостувањето на Ердоган на авијациската изложба MAKS Aerospace International Salon 2019 во близина на Москва, Путин му купи сладолед во корнет.

За време на паузата Путин го одведе Ердоган до најблискиот штанд за сладолед и порача два, за него со чоколадо, а за Ердоган со ванила. Додека вадеше нешто рубљи од џебот, Ердоган по малку и на шега, го праша: „Ќе платиш ли и за мене?“, на што Путин одговори: „Секако дека ќе платам. Па ти си ми гостин“.

Потоа рускиот претседател се обрати кон продавачката и ѝ порача: „А кусурот дајте му го на министерот за авијациски развој“. „Благодарам на дарежливоста“, одговори министерот низ смеа.

Прочитајте и:  Путин: Денешниот голем напад е одмазда за украинските напади со американските ATACMS

- Реклама -