Путин нареди руските нуклеарни сили да се стават во борбена готовност

Москва, 27 февруари 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа „со агресивните изјави на НАТО“ и економските санкции против Москва.

„Им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија во борбена готовност“, рече Путин на средбата со воените лидери, која беше пренесувана и на телевизија.

„Разбирам“, одговори министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Путин одлуката ја оправда со „агресивните изјави на лидерите на НАТО кон Русија“ и „незаконските економски санкции“ што и беа наметнати по инвазијата на Украина.

„Силите за одвраќање на војниците се очекува да го обесхрабрат нападот врз Русија, вклучително и војна што би подразбирала употреба на нуклеарно оружје“, соопшти Министерството за одбрана.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

Тие се опремени со проектили, стратешки бомбардери, подморници и бродови со нуклеарно оружје.

По инвазијата на Украина, Путин предупреди дека оние кои се обидуваат да ја спречат Русија „ќе се соочат со последици што никогаш не ги виделе во својата историја“. Многумина ова го протолкуваа како закана од нуклеарно оружје.

- Реклама -