Путин не отфрла мировните преговори, но не додека трае украинската офанзива

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не ја отфрла идејата за мировни преговори за Украина, но дека не може да има прекин на огнот додека трае офанзивата на Киев.

Говорејќи по средбата со африканските лидери во Санкт Петербург, тој рече дека африканските и кинеските иницијативи можат да послужат како основа за наоѓање мир, пренесува Би-Би-Си.

Украина и Русија претходно порачаа дека нема да дојдат на преговарачка маса без исполнување на одредени предуслови. Киев нема да се откаже од својата територија, додека Москва бара Украина да ја прифати „новата територијална реалност“.

Путин исто така рече дека засега нема планови за интензивирање на акциите на украинскиот фронт.

Прочитајте и:  Сибиха: Русија може да се натера на мир само со сила

Самитот Русија-Африка доаѓа откако африкански контингент, вклучувајќи лидери и претставници на седум земји, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со Путин минатиот месец.

МИА

- Реклама -