Путин одликуваше американски астронаут со највисока руска почест

Рускиот претседател Владимир Путин му додели Орден за храброст на американскиот астронаут Ник Хаг. Се работи за една од највисоките руски почести, која често се добива постхумно, а Хаг ја доби поради храброста демонстрирана при неуспешното лансирање на ракетата со која тој и неговиот руски колега требаше да стигнат на Меѓународната вселенска станица.

Ник Хаг и рускиот космонаут Алексеј Овчинин беа подготвени да се приклучат на МВС во октомври 2018-та, кога мисијата беше откажана само неколку минути по полетувањето на ракетата „Сојуз“, поради дефект на еден од бустерите. Тоа беше прв дефект од таков тип при лансирање на руско вселенско летало со човечки екипаж во последниве неколку декади, истакнува „Russia Today“. За среќа, двајцата астронаути поминаа без повреди, но само поради тоа што успешно извршија непријатно вонредно слетување назад на Земјата со помош на капсула за итни случаи.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

Орденот на американскиот астронаут на НАСА му беше доделен поради „храброста и високиот професионализам покажани при извршување на неговата должност во услови на зголемен ризик по животот во вонредна ситуација“.

 

- Реклама -