Путин: Палестинска држава во границите од 1967. е решение на палестинско-израерлскиот судир

Создавањето палестинска држава во границите од 1967 година е клучен услов за решавање на палестинско-израелскиот конфликт, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пораката до палестинскиот лидер Махмуд Абас по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, пренесоа руските медиуми.

„Сега, кога крвавиот конфликт им носи многу страдања на цивилите во Палестина, мислам дека е од особена важност да се потврди конзистентниот став на Русија во корист на остварувањето на легитимните права на вашиот народ да создаде своја, суверена држава во границите од 1967 година со главниот град во Источен Ерусалим. Токму тоа е клучниот услов за постигнување на сеопфатно, долгорочно и праведно палестинско-израелско решение на ситуацијата“, се наведува во пораката на Путин, која ја прочита заменик шефот на руската дипломатија Михаил Богданов на настан во палестинската амбасада во Русија.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

Рускиот лидер истакна дека е сигурен оти заедничките напори можат да обезбедат понатамошен развој на „традиционално пријателските руско-палестински односи и заемно корисна соработка во различни сфери“.

Путин во пораката додава дека работата во оваа насока одговара на интересите на двете земји и е доследна на зајакнувањето на регионалната безбедност.

МИА

- Реклама -