Путин потпиша декрет за рутинска пролетна регрутација

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за воспоставување рутинска пролетна регрутација и повикување на 147.000 граѓани на задолжителна воена служба, јавија руските медиуми.

Во декретот се наведува дека регрутирањето треба да се изврши од 1 април до 15 јули 2023 година за руски државјани на возраст од 18 до 27 години кои не се во резервниот состав и подлежат на регрутација за воена служба.

Со декретот се пропишува и отпуштање од воена служба на војниците на кои воениот рок им истекол.

Во есента 2022 година на служење воен рок биле повикани 120.000 лица, а минатата пролет 134.500.

Сите мажи во Русија треба да поминат една година воена служба на возраст од 18 до 27 години, или еквивалентна обука додека студираат.

Прочитајте и:  Наришкин: Русија е против замрзнување на конфликтот, сакаме долгорочен мир

Во просек, во последните години, околу 130.000 луѓе се поканети во секоја од пролетните и есенските кампањи.

МИА

- Реклама -