Путин си го поплочи патот да остане на власт до 2036-та

Рускиот претседател Владимир Путин оствари убедлива победа во обидот да остане на власт до средината на 2040-тите.

Според прелиминарните резултати, Русите со големо мнозинство гласаа ЗА уставните измени кои ќе му овозможат на Путин, кој владее веќе две декади (од 2000-та година), да остане на власт до 2036-та година.

Референдумот започна минатата среда и за првпат траеше една недела заради овозможување на поголем одзив, но и поради пандемијата на Ковид-19.

Како што пишува CNN, во кампањската литература малку се споменуваше вистинската причина за референдумот со слоган „Наша земја, наш Устав, наша одлука“. Наместо тоа, референдумот беше промовиран како враќање кон старите семејни вредности – со цел да ги привлече конзервативните гласачи, се вели во текстот.

Прочитајте и:  Големо украинско знаме ги засени руските во центарот на Астана за време на посетата на Путин, Казахстан започна истрага

Во брошурите беа наведени низа амандмани, вклучително и дел што го дефинира бракот исклучиво како „заедница меѓу маж и жена“. Но, како што пишува CCN, брошурата прескокнува една клучна поента – дека практично ги ресетира мандатите на Путин и му овозможува да се кандидира за уште два шестгодишни мандати кога ќе му заврши актуелниот претседателски мандат во 2024 година.

- Реклама -