Путин: Скрипал е обичен шпион, ѓубре и предавник

Рускиот претседател денес изјави дека Сергеј Скрипал е обичен шпион, ѓубре, и предавник на својата земја.

За потсетување, поранешниот руски двоен агент Скрипал беше отруен во март во англискиот град Солзбери, заедно со ќерката Јулија. Двајцата беа најдени без свест покрај клупа во парк. По анализите беше утврдено дека труењето е извршено со нервниот агенс „новичок“, кој, како што тврди Велика Британија, се произведува само во Русија.

Оваа изјава, дадена на денешната конференција за медиумите, е прв пат Путин да изјави нешто директно за Скрипал, чиј случај ги затегна односите меѓу Русија и Велика Британија до степен што двете земји меѓусебно ги протераа амбасадорите.

Како што истакна Путин, во одредени медуми за Скрипал се зборува како за борец за човечки права. Путин, меѓутоа, нагласи дека тоа не е точно, и директно ја нападна репутацијата на поранешниот агент.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин

„Скрипал е едноставно шпион. Издајник на својата земја. Постои такво нешто – да се биде издајник на својата земја. Тој е токму тоа“, изјави Путин на меѓународниот енергетски форум кој се одржува во Москва.

„Замислете во вашата земја да постои личност што истата ја предала. Како вие би го третирале? Тој, едноставно, е ѓубре“, додаде Путин, потенцирајќи дека Скрипал соработувал со странски тајни служби, по што и следувало негово отпуштање од руските тајни служби.

via B92

- Реклама -