Путин во ненајавена посета на руската енклава Калининград, на ученици им зборуваше за војната во Украина

Москва, 1 септември 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети руската ексклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија, две членки на НАТО, во време на големи тензии меѓу Москва и западните земји поради руската агресија врз Украина.

Путин ја започна својата посета со средба со учениците на денот на почетокот на учебната година, за време на која одговараше на многу различни прашања од економијата, преку вселенската програма до офанзивата на Москва во Украина, а настанот во живо го пренесуваше руската државна телевизија.

„Нашата мисија и на нашите војници (…) е да ја запреме војната на Киев против Донбас (што е име за источниот дел на Украина) и да ги заштитиме луѓето и, се разбира, да ја одбраниме самата Русија“, рече Путин.

Прочитајте и:  Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Рускиот претседател, исто така, тврди дека жителите на Донбас, област каде што живее големо население што зборува руски, „се сметаат себеси за дел од културниот и јазичниот простор на Русија“.

- Реклама -