Путин: Западните земји нека се обидат да ја поразат Русија на бојното поле, сѐ уште не започнала сериозната работа во Украина

Москва, 7 јули 2022 (МИА) – Ако западните земји сакаат да ја победат Русија, нека се обидат да го сторат тоа. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со лидерите на пратеничките групи во Долниот дом на рускиот Парламент.

„Денес слушаме дека сакаат да нѐ поразат на бојното поле. Што да кажам на тоа? Нека се обидат!“, изјави Путин.

Тој потоа додаде дека Русија сѐ уште не започнала сериозни работи во Украина, каде што води голема воена офанзива од крајот на февруари.

„Сите треба да знаат дека се уште не сме ги започнале сериозните работи во Украина. Во исто време, не одбиваме мировни преговори. Но, оние што ги одбиваат треба да знаат дека колку подолго ги одбиваат, толку повеќе – ќе биде тешко за тие да преговараат со нас“, предупреди рускиот претседател. Според него, интервенцијата на Москва во Украина означува промена кон „мултиполарен свет“.

Прочитајте и:  Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Путин исто така објави дека „тоталитарниот либерализам“ Западот се обиде да му го наметне на целиот свет.

- Реклама -