Денот на кралицата или Koninginnedag (анг. Queen’s Day) е национален празник во кралството на Холандија, кој се прославува на 30 април, односно 29 ако 30 април е недела.
Имавме среќа да бидеме таму оваа година, но за сосема друга пригода – TNW Conference 2012 (благодарност до Студио Модерна). Одлуката да се продолжи престојот за да се присуствува и на Queen’s Day беше брза и лесна 🙂
Queen’s Day e всушност официјална прослава на роденденот на кралицата на Холандија. Иако сегашната кралица Беатрис е родена на 31 јануари, празникот се прославува на 30 април бидејќи тогаш е роденденот на нејзината покојна мајка, кралицата Јулијана.
Забавата се одржува на отворено, проследена со многу бендови, диџеи, улични забавувачи. Националната портокалова боја е доминантна на овој ден, па освен уличните украси, обичај е домашните (и туристите) да носат портокалова облека или додатоци.
Празнувањето започнува вечерта (Queen’s Night) пред Денот на кралицата, со концерти на познати бендови и диџеи во локалните дискотеки и клубови.
Следниот ден, центарот на Амстердам е затворен за сообраќај и славјето може да продолжи на улиците.
Забавата може да биде и на брод
А зошто да не се заработи и некоја пара, со домашни свежо цедени сокови
Нивните 5 минути на Денот на кралицата
Фрлањето јајца е популарна забавна активност. Не и за него 🙂
Ова е единствениот ден кога властите дозволуваат улична продажба без дозвола и ДДВ
24 часа и 1 милион луѓе подоцна…
Следното утро, градот беше беспрекорно чист. Браво за комуналната служба!
Се надеваме ви се допадна она што го видовте погоре. Ако некогаш одлучите да го посетите Амстердам, направете го тоа за Денот на кралицата. Нема подобра забава на отворено! 🙂