Во неделата заврши 89-от меѓународен саем на автомобили во Женева, а по затворањето на капиите за посетителите, изложувачите полека почнаа да ги одвезуваат експонатите. Меѓу нив имаше и исклучително ретки и вредни примероци, но сите нив ги засени еден посебен модел – уникатниот Bugatti La Voiture Noire.
Базиран е на стандардната верзија на Bugatti Chiron, целиот е офарбан во црно, а каросеријата е рачно изработена од карбонски влакна. Освен тоа, постои само еден ваков и никогаш во догледна иднина нема да биде изработен уште еден од овој модел.
Освен тоа, Bugatti La Voiture Noire го издвојува и (очекувано) астрономската цена – 16.7 милиони евра. Со таква цена не само што беше најскаш на саемот во Женева, туку е и најскапиот нов автомобил на сите времиња.
Видеово е снимено додека La Voiture Noire го возат низ саемските штандови за да го изнесат од халата. Замислете вам да ви дадат таква одговорност. Не за џабе го возат вака бавно:
А ич да не правиме муабет што после ова, веројатно „ѕверов“ ќе треба да биде качен и во камион. За жал, видео од тој дел не успеавме да најдеме, но како тоа изгледа отприлика можеме да видиме преку претходни примери, како истоварот и утоварот на Lamborghini Centenario (видео ТУКА) и Bugatti Chiron (видео ТУКА) – и двата вредни по околу 2.5 милиона долари.
Ако уште не ви се тргаат очите од La Voiture Noire, повелете и уживајте во следново видео: