Работи кои ги научивме за нас во 2009

Повеќе...За вид кој се истражува себеси илјадници години, ќе си кажете дека луѓето знаат се што треба за нив, нели? Но, науката никогаш не престанува да не изненадува со нови факти околу комплексното човечко тело, ум и култура. Еве неколку работи кои ги научивме за нас во 2009.

За вид кој се истражува себеси илјадници години, ќе си кажете дека луѓето знаат се што треба за нив, нели? Но, науката никогаш не престанува да не изненадува со нови факти околу комплексното човечко тело, ум и култура. Еве неколку работи кои ги научивме за нас во 2009.

И возрасните имаат бебешка маснотија
baby_out
Бебешка маснотија е масно ткиво кое го имаме од детството и научниците веруваа дека се губи подоцна во возраста. Но, студија која е објавена годинава во „New England Journal of Medicine“ покажува дека некои возрасни сеуште ја задржуваат таа маснотија. И таа е наречена добра маснотија бидејќи согорува калории. Всушност, истражувачите открија дека послабите луѓе ја имаат таа маснотија, сугерирајќи дека можеби има улога во регулирањето на телесната тежина. Имајќи контрола врз оваа маснотија потенцијално може да стане нов начин да се третира преку умерената дебелина, велат истражувачите.

Вашата кожа е полна со бактерии
bacterias
Научниците учат се повеќе и повеќе за многуте бактерии кои живеат во нашето тело преку Human Microbiome проектот. Новите резултати годинава покажуваат дека различни популации на бактерии се населуваат врз различни места на нашата кожа. Кожата на подлактицата е место каде што има најмногу бактерии, дури 44 различни видови.

Тие што спијат до доцна се повнимателни од оние кои стануваат рано
sleeps
Тие кои стануваат наутро можеби порано излегуваат од дома, но со цена – тие неможат да останат концетрирани толку долго како оние кои стануваат подоцна. Ова е утврдено во студија која ги испитувала ранобудниците и ноќните птици. Студијата го испитувала вниманието на двете групи на секој половина час, и оние кои стануваат подоцна биле поконцетрирани од ранобудниците по 10.5 часа. Па ако обично станувате рано наутро, можеби треба да размислите повторно да легнете ако имате состанок доцна во денот.

Кажувајте работи во десното уво
earlarge
Ако сакате од некого да побарате услуга, подобро е да зборувате во неговото десно уво отколку во левото, вели една студија. Резултатите покажаа дека луѓето на кои им се зборува во десното уво се повеќе склони кон давање услуги од другите. Ова е поради тоа што ако говорот ви доаѓа од десното уво, тој е процесиран од левата страна на мозокот, хемисферата за која се мисли дека ги процесира вербалните информации.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Новороденчињата плачат на својот мајчин јазик
crying_baby
Дури и ка бебиња стари неколку денови плачењето е на нивниот мајчин јазик – открија годинава научници во Германија. На пример, новороденчињата во Франција плачат со мелодија која постојано се зголемува, и тоа од почеток до крај – карактеристика за францускиот јазик. Од друга страна пак, германските новороденчиња плачат со смалувачка мелодија.

Вршењето на повеќе задачи одеднаш ве забавува
multitasking
Вршењето на повеќе задачи истовремено е добра работа, нели? Не баш, според истражувачите кои оваа година открија дека вршењето повеќе задачи одеднаш е всушност полошо од вршењето на задачите поединечно. Според студијата, оние кои вршат повеќе работи одеднаш им треба повеќе време да ги направат, а кога ќе се префрлат на друга задача, тие се побавни. Испитувањето исто така се однесува и дека некои задачи кои се вршат истовремено можат да бидат опасни, како на пример пишување пораки додека возите.

На повеќетто деца им фали витамин Д
vitamind
Испитување во САД покажа дека околу 70% од децата имаат загрижувачко ниво на витаминот Д, резултат кои истражувачите го нарекоа шокантен. Причините за ова се слабата диета и премалку сончева светлина. Недостигот на витаминот Д може да доведе до нарушување на коските, како и срцеви заболувања.

Заедничкото живеење пред брак може да доведе до развод
live_together
Преселување кај партнерот пред брак можеби и не е така добра идеја, кажуваат истражувачите од Универзитетот во Денвер. Тие покажаа дека оние луѓе кои живеат заедно пред бракот, имаат послаб квалитет на бракот, и тие двојки е поверојатно дека ќе се разделат, за разлика од оние кои чекале до бракот.

Зашто не одиме веднаш кога ќе се родиме
walking01
Научниците мислат дека знаат зашто некои животни, како коњите и жирафите, можат да станат неколку часа после раѓањето и да одат, додека пак на луѓето им требаат неколку години за тоа. Додека цицачите почнуваат да се движат во различни периоди од детството, тие почнуваат да одат во иста фаза од нивниот умствен развој, според една студија.

- Реклама -