Работите кои ги дознавме за сексот во 2012-тата година

Сексот го врти светот, а дури и малку истражување ќе ни покаже дека тоа што сме мислеле дека го знаеме, всушност не било така. Оваа година за сексот научивме неколку нови работи:

Големината Е важна!

Отприлика. Поголемо е подобро за жените кои често доживуваат вагинални оргазми, а за оние другите техниката е поважна. Големината е јаготка на шлагот, но и без неа се прават чуда.

Сонот е поважен од сексот

Во едно истражување на испитуваните им било поставено прашање: Дали повеќе би сакале една ноќ исполнета со неверојатен секс или добро би се наспале. Сонот победил.

СМС-порака во текот на сексот е нормална

Кога испитуваните ги прашале дали би останале без секс или без мобилен телефон, петнаесет отсто го одбрале мобилниот, а четири отсто мислеле дека не би требало воопшто да бираат – би се допишувале со СМС пораки и во текот на сексот.

Спермата го подобрува расположението

Ова не оди во полза на презервативите, но истражувања покажуваат како жените кои практикувале секс без заштита се помалку депресивни и многу порасположени од жените кои користеле заштита во текот на сексот.

Мажите кои сакаат да прегрнуваат се верни

Окситоцинот ги спречува мажите да бидат неверни, а се лачи за време на прегрнување, така што прегратките по сексот се сосема корисни.

Вашите пријатели сакаат да спијат со вас

Оној пријател кој ви е како брат дефинитивно сака да спие со вас. Истражување покажало дека мажите се наклонети кон фантазирање за своите пријателки повеќе откако жените за нив.

- Реклама -