Работи кои не сте ги знаеле за Леонардо Да Винчи

mona_lisa_sЛеонардо бил дете на Катерина, селанка, и Сер Пиеро, адвокат и сопственик на земјиште. Имал домашно образование и немал формална едукација на Грчки и Латински…

leonard
Леонардо бил дете на Катерина, селанка, и Сер Пиеро, адвокат и сопственик на земјиште. Имал домашно образование и немал формална едукација на Грчки и Латински.

 

Бил свирач  на харфа. Првото претставување на Миланскиот двор му било како музичар, а не како научник.


За малку избегнал апсење поради содомија. Веројатно бил вмешан и некој од неговите машки модели.


mona_lisa_frameless

 

Мона Лиза теорија #1: Нејзинaта насмевка значи дека била тајно бремена.

Мона Лиза теорија #2: Била забавувана од музичари и кловнови кои ја забавувале додека Леонардо ја сликал. (Има уште една теорија која вели дека Мона Лиза е портрет на самиот Леонардо, но многу прикриено насликана)

Научници од Универзитетот во Амстердам и Универзитот во Илиноис користејќи програм за препознавање на лице, откриле дека Мона Лиза е: 83% среќна, 9% згадена, 6%уплашена и 2% лута.

Бил Гејтс ја купил Codex Leicester во 1995 за 30 милиони долари, единствената скрипта која што не е во Европа, а која ги изучува хидрауликата и движењето на водата.

Леонардо сакал вода: Развил планови за лебдечки чевли за снег, направа за дишење при подводни истражувања и појас за спасување.

Леонардо бил прв кој објаснил зошто небото е сино(поради тоа што воздухот ја распрскува светлината).

Леонардо можел да црта нанапред со едната рака, цртајќи со другата наназад, произведувајќи "слика во огледало", слика која на останатите им била многу тешка за читање.


382px-leonardo_self

 

Портретот со црвена креда, (цирка 1512 до 1515 година), се верува дека е авто-портрет (но не веруваат сите). Лувр потрошил 5.5 милиони долари за да ја закачи Мона Лиза внатре во зид, 2 метра позади дрвена препрека.

Во Август 2003, Madonna of the Yarnwinder со вредност од околу 65 милиони долари, била украдена од Drumlanrig замокот во Шкотска од двајца луѓе кои се претставиле како туристи. Избегале во Голф.

Во Декември 2000, Adrian Nicholas се спуштил со падобран изработен врз база на еден од дизајните на Леонардо.

Откако дисекцирал тела, Леонардо ги менувал мускулите со федери за да види како функционирале.

Бил голем обожавател на зборови со игра, и неговиот Codex Arundel содржи долга листа од синоними за… Пенис.

Неговите студии за ерозијата на реките го убедиле дека Земјата е далеку постара од тоа што Библијата пишувала. Исто така тврдел дека спуштањето на морското ниво ги создало фосилите и планините, а не Потопот на Ное.

 

 

Корисни линкови

 

3Д Модели од машините на Леонардо да Винчи

 

Националниот музеј за наука и уметност Леонардо да Винчи – Милано

 

- Реклама -