На 27 август, со почеток во 19:00 часот, во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, Книжевниот клуб – Куманово, во соработка со Драгица Стаменковиќ – психолог и психотерапевт (Дпсихотерапија) и општинскиот младински центар MultiКулти, при ЦИД – Куманово, организира Работилница за фрактална и блекаут поезија.
Работилницата се состои од два дела: теориски и практичен. Ќе биде модерирана од страна на м-р Драгица Стаменковиќ и Јована Лазаревска. Тие ќе ве запознаат со термините „фрактална поезија“ и „блекаут поезија“, ќе ви објаснат како таквиот литературно – креативен начин на изразување помага на вашето ментално здравје, а подоцна ќе имате можност и да креирате нешто свое.