Во понеделник на 15 јули во 12:00 часот во Europe House Крива Паланка, во чест на Денот на младинските вештини, ќе се организира настан во кој младите ќе творат инспирирани од природата и ќе учат за животната средина на работилницата за цијанотипија.
Цијанотипијата важи за еден од најстарите фотографско-печатарски процеси во историјата на фотографијата.