Работилницата за дигитална самоодбрана „Ctrl+Alt+Defend: Научи како да ја прекинеш нишката“

Дигиталното родово базирано насилство, дезинформациите и нападите кои се шират во онлајн просторот се во подем и директно ја назадуваат родовата еднаквост и правата на жените и ЛГБТИ+ заедницата.

Мрежа Стела организира работилница на која заеднички можеме да научиме да ја прекинеме нишката на насилство и да се одбраниме!

„Придружете ни се на работилницата за дигитална самоодбрана „Ctrl+Alt+Defend: Научи како да ја прекинеш нишката“ во Тетово во Europe House на 28.11 (четврток). Целта е адресирање, препознавање и справување со родовите дезинформации и формите на дигитално родово-базирано насилство и заштита од нив“ велат организаторите.

 На работилницата ќе научите:

– Да препознавате и дефинирате разни форми на дигитално РБН
– Да се заштитите себе и вашата заедница
– Начини како да го пријавите и адресирате дигиталното насилство
– Да препознавате родови дезинформации
– Да градите отпор против онлајн вознемирувањето и ширењето лажни вести
– Да се борите онлајн просторот да стане безбеден и праведен

Работилницата ќе ја води проф. д-р. Ангелина Станојоска од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. Работни јазици на настанот се македонски и албански со обезбеден симултан превод. Вашето присуство може да го потврдите на https://docs.google.com/…/1FAIpQLSevlmLSwAo9nr…/viewform

Со оваа работилница Мрежа Стела се придружува кон активностите во рамки на кампањата 16 дена против родово базирано насилство #НемаОправдување, која започнува на 25 ноември.

Работилницата се одржува во рамки на рамките на регионалниот проект „Defend the right to be yourself“ со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Франција.

- Реклама -