Радев бара да остане ветото за Скопје до формирање ново парламентарно мнозинство во Бугарија

Ветото за земјава да остане сѐ додeка не се формира ново парламентарно мнозинство во Бугарија, побара денеска бугарскиот претседател Румен Радев, откако земјата влезе во нова политичка криза поради излегувањето на „Има таков народ“ на Слави Трифонов од владината коалиција и повлекувањето на четирите министри од оваа партија, меѓу кои и министерката за надворешни работи – Теодора Генчовска.

Како што пренесува БНТ, Радев се согласил дека политичката криза е факт, но, како што рекол, за разлика од претходните кризи оваа се одвива во услови на прогресивна инфлација и социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина.

„Партиите застапени во парламентот мора што поскоро да најдат излез од ситуацијата, бидејќи ни треба одговорно и одржливо владеење. Додека партиите бараат формирање на владејачко мнозинство, Владата мора да обезбеди социјални плаќања и поддршка за бизнисот. Да остане ветото за Pепублика Северна Македонија во согласност со рамката усвоена на консултативниот совет за национална безбедност и да се обезбеди функционалност на државата“, изјавил Радев за медиумите.

Прочитајте и:  ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Извор: МИА

- Реклама -