Радев од Берлин: Не смееме да ја дозволиме легитимизацијата на македонизмот во ЕУ

„Неверојатно е како Европа, која се изгради како пример за останатиот свет за демократија и против говорот на омраза, е подготвена да ги загуби тие свои принципи и вредности“, изјави денеска од Берлин бугарскиот претседател Румен Радев, во поглед на прашањето за почеток на преговорите на земјава за членство во ЕУ.

„Затоа, не смееме да ја дозволиме легитимизацијата на македонизмот, на луѓе од поранешна Југославија и Коминтерната да имаат место во ЕУ. Тоа ќе има непријатни и долгорочни последици. Бугарија треба да интегрира партнери, а не проблеми“, додаде Радев, пренесува БГНЕС.

Прочитајте и:  ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија
- Реклама -