Радовиш го има најдобриот стрелец, Бутел најдобриот пеналџија! (ФОТО)

Ракометната Суперлига заврши непосредно пред новогодишниот период, а потоа „ја предаде палката“ на репрезентацијата. Клупскиот ракомет кај нас ќе паузира таму некаде до февруари, а потоа ќе стартува со втората фаза од овој нов формат. Остварувањата и бројките од првата полусезона нема да бидат неважни, па затоа Спорт1 направи една мала статистичка анализа кога се во прашање поединците, а потоа и 16-те екипи од најквалтитната машка ракометна дивизија.

Не треба многу да се брои и анализира за да се заклучи дека најдобриот напад во Суперлигата го има Алкалоид. Дебитантот демонстрира експлозивен ракомет, кој резултира со 474 гола или 33,8 по натпревар. Втор на листата е Вардар со 465 погодоци (33,2), а Пелистер е само третиот тим кој ја мина границата од 400 гола, со 454 (32,4).

- Реклама -