Ракометните клубови на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се сретнат за првиот домашен трофеј во новата сезона, тоа е Супер Купот на Македонија, а домаќин на мечот ќе биде градот Гевгелијаинформираа од Ракометната Федерација на Македонија
Салата која ќе биде домаќин на овој настан е „24 Април“, а датумот на дуелот е 4 септември (среда) со почеток од 19:00 часот.
Натпреварот од Суперкупот на Македонија исто така ќе биде емитуван во живо на програмата на МРТВ.