Раководството на Баерн со критики за трансферот на Мбапе во Реал

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберле реагираше негативно на трансферот на напаѓачот Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

-Секогаш можете да станете полаком за пари, но секој што е алчен за пари постепено ќе стане клинец во ковчегот на фудбалот“, изјави Еберле, цитиран од „Зидојче Цајтунг“.

Тој истакна дека се работи стотици милиони, додавајќи дека тоа не го прави позитивен.

-Некогаш корист имаа клубовите. Парите остануваа во оптек, но сега ги има сè помалку, додаде тој.

Дваесет и пет-годишниот Французин ќе игра како број девет за тимот од Мадрид. По заминувањето на Лука Модриќ, напаѓачот се очекува да ја заземе „десетката“.

Мбапе е шесткратен шампион на Франција со ПСЖ. Заедно со репрезентацијата на својата земја стана светски шампион во 2018 година.

- Реклама -