Рама со благодарност до Заев и Вучиќ и другите балкански лидери за помошта за Албанија

Премиер Еди Рама синоќа им се заблагодари на македонскиот премиер Зоран Заев и на другите лидери во регионот што ѝ помогнаа на Албанија да ги санира последиците од силните земјотреси. Тој за време на средбата со странските амбасадори во Албанија им  се заблагодари на нивните земји за помошта по земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември.

-„Не можам да најдам зборови со кои би искажал колку ни значеше таа поддршка… Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев… да не ги спомнувам нашите браќа од Косово. Брилијантно“, нагласи Рама.

Тој се заблагодари и за пораките на поддршка од Унгарија и Романија, потсетувајќи дека романскиот тим за спасување дошол во Албанија по своја иницијатива.

„Прекрасно е да се види како доаѓаат луѓе од цела Европа, кои никогаш не стапнале на тлото на Албанија, кои немаат никакво познавање на албанскиот јазик, ниту искуство во ризикување на своите животи за непознати луѓе“, рече албанскиот премиер.

Повеќе на МКД.

- Реклама -