Рама: Браќа Македонци и Албанци, прифатете го францускиот предлог

Тирана, 30 јуни 2022 (МИА) – Премиерот на Албанија, Еди Рама преку Твитер реагираше во врска со предлогот на француското претседателство за прашањето Бугарија-Северна Македонија.

Рама пишува дека ѝ се дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија.

„Последниот француски предлог, кој е и конечен, ѝ дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!“, напиша Рама.

Прочитајте и:  Пред партиското седиште Бериша дочекан како херој, за него Рама е најголем криминалец
- Реклама -