Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека обединувањето со Европа е како пат со две ленти, лента на секојдневното работење на реформите и политичка лента.

За време на разговорот на неговиот Подкаст, каде што беше поканета државната министерка за јавна администрација и антикорупција, Адеа Пирдени, Рама рече дека отворањето на преговорите на неговата земја со ЕУ, е многу важно и носи придобивки.

-Овој подкаст е посветен на најважниот, историски ден, во целосна смисла на зборот, на мојата мисија, бидејќи ми ја доверивме привилегијата да ја водам нашата заедничка Албанија. Обединувањето со Европа е пат со две ленти: секојдневната работна лента на реформите, мерките, фактичките и техничките проценки што се прават во Европската комисија и втората е политичката лента, бидејќи тоа е политичко семејство кое одлучува надвор од оние кои се објективни критериуми, посочува Рама.

Тој уште еднаш нагласи дека во оваа деценија Албанија дефинитивно ќе влезе во ЕУ, додавајќи „ Јас сум 100 отсто  убеден дека ќе го постигнеме тоа“.

-ЕУ е простор на загарантирана индивидуална слобода и за тоа не се преговара, не се купува или продава за ништо. Второто за правниот поредок, она што се обидуваме да го воспоставиме за првпат во нашата историја, демократски правен поредок и за функционална демократија е дефинитивно работа која ги има сите свои тешкотии и денес ги покажува своите слабости и самата ЕУ, оценува Рама.

Тој и во ова прилика јасно стави до знаење дека има намера да се кандидира за четврти мандат во 2025 година, повторувајќи дека  „има работа, иако во овие три мандати направивме неверојатни работи“.

- Реклама -