Рама: Однесувањето на Бугарија кон С. Македонија беше срам, се надевам дека тоа ќе се промени сега

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“, меѓу другото се задржува и на евронтегративниот процес, при што досегашното однесување на Бугарија кон земјава го нарече „срам“.

„Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон Северна Македонија беше срам. Софија повеќе нѐ подели отколку што нѐ обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега, изјавил Рама“, јави АБЦ њуз.

За отворањето на преговорите со ЕУ, тој, нагласува дека „нашето трпение е неисцрпно на оваа тема, бидејќи немаме друг избор. Навикнати сме на тоа“.

Албанските медиуми посветуваат посебен простор за почетокот на преговорите и на земјава, што е најавено за утре на првата меѓувладина конференција.

„Северна Македонија утре во Брисел ќе ја одржи и првата Меѓувладина конференција со ЕУ, на која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја прочита воведната изјава на македонски јазик. Потоа започнува верификацијата која ќе трае година и пол и по завршувањето на тој процес се планира следната меѓувладина конференција со која ќе се заврши фазата на отворање на преговорите за членство, а нејзиното одржување е условено со измените во Уставот“, наведува „Топ чанел“.

Прочитајте и:  Реслер: С. Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да ја сфати геополитичката димензија - во неа нема место за билатерални уцени

Според албанските медиуми, францускиот предлог предвидува надминување на разликите меѓу Скопје и Софија во однос на македонскиот јазик, идентитетот и историското минато, додека бугарската страна „бара од македонската страна да го вклучи бугарското малцинство во Преамбулата на уставот, како рамноправно со другите народи“.

Извор: МИА

- Реклама -