Рама: Политиката на ЕУ се определува од националниот егоизам, а за тоа најдобра пример е односот на Бугарија кон РСМ

Тирана, 6 јули 2022 (МИА) – Во интервју за холандскиот весник „Де Волкскрант“ (De Volkskrant), албанскиот премиер Еди Рама оценува дека политиката на ЕУ сѐ повеќе се определува од националниот егоизам, за што „најдобар пример е бугарското противење кон Северна Македонија“.

„Политиката на ЕУ сѐ повеќе се одредува од националната себичност. Сè помалку е важно што правите, а сè повеќе е важно како другите се чувствуваат кога ќе донесат одлука. И секогаш има место нешто да се приговара. Бугарската позиција за Северна Македонија е најотворениот пример. Холанѓаните знаат нежно да те ‘убијат’, но кај Бугарите тоа не е блага смрт“, вели Рама.

Тој додаде дека Европската комисија двапати дала позитивни сугестии, по што тие сугестии завршиле во „мелницата на националните интереси во Советот, што било многу разочарувачки“.

Прочитајте и:  Реслер: С. Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да ја сфати геополитичката димензија - во неа нема место за билатерални уцени

„Потоа ни велат ‘не сте спремни’ затоа што тие самите не се подготвени, а оваа приказна трае вечно. Тогаш треба да бидете трпеливи и да се присилувате на воскреснување секој пат. Се разбира, кога Европската комисија двапати даде позитивни предлози, тие сугестии завршија во мелницата на националните интереси во Советот, што беше многу разочарувачки“, оценува Рама во интервју за холандскот весник „Де Волкскрант“, пренесува „Ора њуз“.

- Реклама -