Рама: Целта на мојата политичка кариера е обединување на Албанија со Косово

Премиерот на Албанија – Еди Рама, изјави дека целта на неговата политичка кариера е да „Албанија да се обедини со Косово“.

Во гостување во емисијата „Слободна зона“ на косовската ТВ „Клан“, Рама негираше дека работи за личен интерес.

„Јас да бидам претседател на Албанија и Косово? Тоа не е во моите планови. Но, обединување на Албанија со Косово, да. Тоа е стремежот“, изјавил Рама, пренесе РТК.

Рама додал и дека себе си, по 2030 година, се гледа во нешто друго и далеку од политиката, но тоа, како што посочил, не го спречува да има план за обединување на Албанија и Косово.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан
- Реклама -