Рама: Влеговме во време на војна за човечко месо, но не можеме да им речеме на Албанците да се вратат

Премиерот Еди Рама на средба со граѓани во пристанишниот град Драч ја коментираше и емиграцијата на Албанците , притоа наведувајќи дека “денеска Албанија не е во услови да им каже на Албанците кои веќе живеат во странство да се вратат назад”.

„Влеговме во време на војна за човечко месо. Развиените земји ќе дадат се од себе за да привлечат што повеќе луѓе. Затоа, не само што не смееме да изгубиме повеќе работници, туку мора да ги вратиме и оние што избегаа. Но, денес не сме во фаза да им кажеме на Албанците кои се во странство, вратете се затоа што вреди“, изјави Рама.

Според него, „во приказната дека сите сакаат да работат во државниот сектор, во канцеларија, да земаат добра плата а да играат карти на компјутер и да излегуваат да одат на кафиња“ има апскет на неинформираност.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Тој ги повика претприемачите да се приклучат на иницијативата на Владата за зголемување на платите, како „важен чекор за задржување на човечкиот капитал во Албанија”.

Извор: МИА

- Реклама -